Дома Фудбал Останато Руни: Како навивач на Евертон и поранешен играч на Јунајтед кажувам – Ливерпул мора да биде шампион!

Руни: Како навивач на Евертон и поранешен играч на Јунајтед кажувам – Ливерпул мора да биде шампион!

Фудбалот поради пандемијата од коронавирусот е стопиран скоро секаде во Европа се игра само во Белорусија. Сега во многу од првенствата се поставува прашањето како и дали тие ќе продолжат?

Во дел од првенствата разликата е само бод-два, а во дел како што е случај во Премиер лигата шампионот практично е решен. Ливерпул има 25 бода предност и само две победи го делат од тоа и математички да ја потврди титулата. Во јавноста преовладува мислењето дека Ливерпул треба да биде шампион во Англија што и да се случи, а такво мислење има и Вејн Руни.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неговите зборови имаат посебно значење затоа што е навивач на Евертон, но и поранешен играч на најголемиот ривал на Ливерпул, Манчестер Јунајтед.

„Ливерпул ќе биде шампион во Премиер лигата. Навивачи на Евертон ми се јавуваат и ми зборуваат дека сезоната мора да се поништи и секако како фан на Евертон и поранешн играч на Јунајтед дел од мене мисли дека тоа е добро. Но, не! Ливерпул е фантастично. Толку многу вложија во оваа сезона и затоа ја заслужуваат титулата. Можете ли да замислите некој да 30 години да чека на ова и на крај некој да му го одземе. Сезоната 2019/2020 мора да се заврши, дури и по цена да изгубиме дел од наредната“, искрено порача Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…