Пред да стане најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни беше момче од Ливерпул кој сонуваше да заигра за Евертон.
Сега Руни раскажа како Сер Алекс Фергусон сакал да го доведе во клубот кога имал 14 години, но тогаш го одбил. Руни на два патир играше за Евертон, на почетокот на кариерата од 2002 до 2004 година и од 2017 до 2018 година. Периодот имеѓу го помина во Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сер Алекс Фергусон сакаше да ме доведе кога имав 14 години. Разговараше телефонски со моите родители. Тие дојдоа и ми кажаа дека ме бара Манчестер Јунајтед. Им одговорив дека не сакам да одам таму, сонував да заиграм за Евертон“.
„Како што времето одминуваше, сфаќав дека треба да направам трансфер кај него. Фергусон беше причината што потпишав за Јунајтед“, изјави Руни.
Не треба да се спомене дека неговиот трансфер во Јунајтед беше полн погодок со оглед на тоа дека со клубот освои 16 трофеи.