Вејн Руни зад себе има сезона за заборав, а изгледа дека ниту во приватниот живот не му оди се според планот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Сан“ денеска објави дека Руни имал проблеми со сопругата Колин која неодмна заминала на патување со неговите деца. Очигледно дека на ѕвездата на Манчестер Јунајтед му недостигало семејството, па своето време го поминувал во казино.
Како што наведува овој англиски таблоид Руни пред неколку дена бил во едно во казино во Манчестер во кое за само два часа изгубил пола милион фунти. „Сан“ наведува дека Руни има голем проблем со коцкањето и дека мора да побара помош.