Легендата на италијанскиот фудбал, Вејн Руни зборуваше за евентуалното доаѓање на Лионел Меси во Премиер лигата.
Се погласни се шпекулациите дека наредната дестинација на Меси ќе биде Манчестер Сити. Исто така медиумите често пишуваат за евентуалниот трансфер на Тиаго Алкантара во Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Руни направи споредба и смета дека двата трансфери би биле одлични за споменатите клубови, но смета дека Алкантара ќе биде подобро засилување од Меси.
„Сметам дека во моментов Манчестер Сити или Ливерпул ќе бидат двете екипи кои ќе водат грчевите битка за титулата, Челзи донесе неколку засилувања од кои некои беа одлични, Манчестер јунајтед има голем потенцијал во својот состав, меѓутоа мислам дека заостануваат“, истакна Руни.
„Доколку Ливерпул го ангажира Тиаго Алкантара од Баерн Минхен, сметам дека ќе бидат во голема предност во битката за титулата, тоа би било многу подобро засилување отколку евентуално Манчестер Сити да го ангажира Лионел Меси“, заклучи Руни.