Иднината на Лионел Меси се уште не е јасна, договорот на Аргентинецот со Барселона завршува на крајот на сезоната и одлуката дали ќе го продолжи ќе ја донесе тогаш.
Најмногу името на Меси се поврзува со ПСЖ и Манчестер Сити, а од Баерн сега и потврдија дека тие немаат намера да влегуваат во трката да го доведат. Првиот човек на Баерн, Карл Хајнц Румениге јасно порача дека тие не се заинтересирани за Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен тоа тој проговори и за информациите од астрономскиот договор на Меси кои неодамна беа објавени во јавноста.
„Се насмевнав кога видов каков договор имал Меси во Барселона. Му честитам што успеал да си обезбеди такви астрономски бројки на пет години. Како и да е сега неговата плата ќе биде намалена, без разлика дали ќе остане во Барселона или ќе замине. Јас можам да ви потврдам дека Баерн не е заинтересиран за него и немаме намера да се обидеме да го доведеме“, изјави Румениге.