Дома Фудбал Останато Румениге: Плачев кога го отпуштав Анчелоти

Румениге: Плачев кога го отпуштав Анчелоти

Карло Анчелоти без никакви дилеми е еден од најдобрите европски тренери.

Освојуваше Италијанецот трофеи каде и да работеше, а евно време беше на клупата на Баерн Минхен.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Таму ја освои Бундес лигата, после лошото влегување во сезоната 2017/2018 беше отпуштен, а одлуката на раководството на клубот морал да му ја соопшти Карл-Хајнц Румениге.

Директорот на Баерн е голем пријател со Анчелоти и призна дека заплакал кога му давал отказ на Италијанецот.

„Анчелоти е многу добар менаџер. Меѓутоа, не му одеше како што очекувавме и моравме да донесеме таква одлука. Се сеќавам дека имав задача да му кажам дека е отпуштен. Плачев додека го правев тоа, тој тоа го разбра. Ме прегрна и ми кажа: Се е во ред, повеќе не си ми шеф, но остануваме пријатели. Анчелоти е предобар човек и вистински пријател“, изјави Румениге и посебно пофали една страна на Италијанецот.

„Секогаш е неверојатно смирен. Работев со многу менаџери, сите беа различни, а Анчелоти беше единствен кој е секогаш смирен, дури и во тешките моменти“, изјави Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…