Дома Фудбал Румениге:Левандовски не е во Топ 3 трансфери на Баерн Минхен

Румениге:Левандовски не е во Топ 3 трансфери на Баерн Минхен

Роберт Левандовски утре се враќа на „Алијанц Арена“, но овој пак како ривал во Лигата на шампиони.

Полјакот со години со успех го несеше дресот на Баерн Минхен, а ова лето побара трансфер и се пресели во Барселона.

Поранешниот претседател на Баварците, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека Левандовски треба да има топол пречек во Минхен, но не го стави во Топ 3 трансфери.

„Дојде како слободен играч, а отиде за 45 милиони евра. Допринесе многу за успесите на Баерн Минхен. Не смее да се заборави дека тој помина осум години овде и освои се што можше да се освои, притоа давајќи меѓу 35 и 50 гола секоја сезона“.

„Најдобрите трансфери во поновата историја на Баерн Минхен се, Рибери, Робен, Нојер, Левандовски… по тој редослед!“, изјави Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…