Oле Гунар Солскјер е под притисок на англиската јавност поради лошите резултати на Манчестер Јунајтед во последниот период.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во медиумите на Островот многу се пишува за можно заминување на Норвежанецот, а се споменуваат и можните негови наследници. Еден од нив е и Брендан Роџерс.




На денешната прес-конференција Роџерс доби такво прашање.
„Големо непочитување е да ми поставувате вакви прашања. Манчестер Јунајтед има тренер и тоа добар тренер. Второ, не можам да кажам ништо затоа што ништо од тоа што се пишува не е вистина. Горд сум што сум во Лестер, привилегија е да се бид тука“.




„Не можам да ги контролирам гласините од надвор. Очигледно ова е фрустрирачко за навивачите и моите играчи“, изјави Роџерс.