Актуелниот тренер на Лестер, Брендан Роџерс останува тренер на Лестер до 2025 година.
Роџерс се споменуваше како можен кандидат за клупата на Арсенал откако Унаи Емери доби отказ, меѓутоа сега е јасно дека поранешниот тренер на Ливерпул нема да го превземе клубот од „Емирати“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во клубот Роџерс пристигна во февруари и неговиот прв договор важеше до 2022 година. Меѓутоа Лестер сезонава игра одлично и се наоѓа на втората позиција зад Ливерпул кој оваа сезона изгледа доминантно.
Треба да се истакне и дека клубот неодамна ја запиша втората најголема победа во историјата на Премиер лигата со триумфот над Саутемптон од 0:9.
Кога ќе се погледне вкупниот учинок Лестер има 17 победи на 26 натпревари.
Leicester City is delighted to confirm that manager Brendan Rodgers has signed a new contract! ?
— Leicester City (@LCFC) December 6, 2019