Maрко Ројс долго време е во Борусија Дортмунд, а сега досегашниот капитен на „милионерите“ донел неочекувана одлука која е изненадувачка.
Ројс одлучил да се откаже од капитенската лента и таа во наредната сезона ќе ја носи некој друг играч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За време на летниот одмор размислував на оваа тема и одлучив да се откажам од капитенската лента. Тренерот е информиран, исто и директорот на клубот, сигурен сум дека ќе најадат вистински наследник“, изјави Ројс.
Во кариерата, Ројс имаше неколку можности и понуди да ја напушти Борусија, но секогаш избираше да остане во Дортмунд, па навивачите го сметаат за еден од најверните играчи во историјата на клубот.
Низ германските медиуми се шпекулира за можна расправија на Ројс со директорите на Борусија Дортмунд која придонела за негова ваква одлука.
💬 Nachricht von MR11: pic.twitter.com/ybxUVkC44t
— Borussia Dortmund (@BVB) July 6, 2023