Милан победи во трката за потписот на големиот италијански талент, Сандро Тонали пренесува „Скај Италија“.
Тонали беше најблиску до Интер, но „росонерите“ успеаа да го „украдат“ играчот пред носот на градскиот ривал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двата клуба синоќа се договорија за трансфер кој ќе биде тежок 38 милиони евра.
Милан понудил 10 милиони евра за едногодишна позајмца плус 25 милиони евра за откуп и 3 милиони евра бонуси, а Бреша ја прифатила понудата.
Тонали во моментов е со италијанската репрезентација, но се очекува следните денови да пристигне во Милано за да стави потпис на договорот.
20-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите италијански таленти, па сигурно ќе биде големо засилување за „росонерите“.
#Milan, le cifre dell'operazione Tonalihttps://t.co/tM1gKRI4w9
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 30, 2020