Дома Фудбал „Росонерите“ санкционирани поради своите навивачи на мечот со Наполи

„Росонерите“ санкционирани поради своите навивачи на мечот со Наполи

Фудбалскиот сојуз на Италија го санкционираше Милан со 10.000 евра поради непримерно однесување на навивачите на мечот со Наполи, кој беше одигран во саботата.

„Росонерите“ се казнети поради анти-наполитанските песни кои нивните навивачи ги упатија кон Наполи, а тие се карактеризирани како „навреди на темел на територијално потекло“.

Милан и Наполи одиграа меч без погодоци, иако лесно можеше да биде поинаку ако Џанлуиџи Донарума во судиското продолжение не го спасеше својот клуб со феноменална парада.

Инаку, ремито не им одговараше ниту на Милан ниту на Наполи кои фактички се простија од битката за Лигата на шампионите, односно титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…