Дома Трансфер зона „Росонерите“ избраа напаѓач, Обамејанг не е во игра?

„Росонерите“ избраа напаѓач, Обамејанг не е во игра?

Изгледа дека „росонерите“ повеќе немаат намера да го чекаат Габонецот, Пјер-Емерик Обамејнаг.

Дортмунд бара 75 милиони евра, за Милан тоа е преголема сума и немаат намера да ја платат, иако Обамејанг има желба да се врати во поранешниот клуб. Поради нова мета на италијанскиот гигант е Никола Калиниќ од Фиорентина.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


На Милан му е потребен класичен напаѓач поради тоа што Виченцо Монтела не смета на Колумбиецот Карлос Бака, кој се очекува да биде продаден ова лето.

Хрватот не е нова идеја на „Сан Сиро’, Монтела покажуваше интерес уште од стартот на преодниот рок, Фиорентина во тие моменти бараше 30 милиони евра.

Сега „виолетовите“ се одлучија да ја спуштат на 25 милиони евра, па се очекува клубовите да постигнат договор. Калиниќ е одлична опција и поради тоа што за разлика од Андре Силва, нема потреба од прилагодување на италијанскиот фудбал.

Кога во прашање се другите опции, Диего Коста ги одбива „росонерите“ поради тоа што не настапуваат во Лигата на шампионите, Ибрахимовиќ не е реална мета, барем не во овој момент…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед се засилува од Челзи

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, пр…