Дома Фудбал Роналдо ќе чека да види кој ќе биде нов менаџер на Јунајтед, па ќе донесе одлука

Роналдо ќе чека да види кој ќе биде нов менаџер на Јунајтед, па ќе донесе одлука

Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо, кој утре ќе наполни 37 години, се уште не донел одлука дали ќе го одработи договорот со „црвените ѓаволи“ до крај.

Португалецот минатото лето се врати во Манчестер Јунајтед и потпиша двегодишен договор, но не е задоволен од резултатите и може да си замине на крајот на сезоната. Тоа ќе се случи сигурно доколку „црвените ѓаволи“ не обезбедат пласман во Лигата на шампиони.

„ЕСПН“ тврди дека Роналдо ќе ја донесе конечната одлука откако ќе дознае кој ќе биде тренер на тимот следната сезона. Меѓутоа, и новиот тренер исто така може да одлучи дека Португалецот нема да биде дел од тимот.

Минатото лето кога реши да го напушти Јувентус, Роналдо имаше повеќе опции, но реши да се врати на „Олд Трафорд“. Сепак, работите не се развиваат како што очекуваше, па Португалецот е разочаран и сака да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…