Дома Фудбал Роналдо ќе присуствува на доделувањето на „Златната топка“ поради Бензема

Роналдо ќе присуствува на доделувањето на „Златната топка“ поради Бензема

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристиано Роналдо го најави своето присуство на овогодинешната церемонија за доделување на наградата во Париз.

Причината за тоа е што Португалецот е сигурен дека наградата ќе заврши во рацете на неговиот пријатеч Карим Бензема.

Според некои извори можно е дури и самиот Роналдо да му ја врачи „Златната топка“ на ѕвездата на Реал Мадрид.

Традиционално Роналдо не се појавува на церемониите кога е јасно дека нема да ја добие наградата. Така беше и минатата година кога „Златната топка“ заврши во рацете на Лео Меси.

Церемонијата на доделување на „Златната топка“ ќе се одржи во понеделник во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…