Дома Фудбал Роналдо јавно ги повика фановите за безусловна поддршка против ПСЖ (видео)

Роналдо јавно ги повика фановите за безусловна поддршка против ПСЖ (видео)

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо направи специјална видео порака до фановите и ги повика на безусловна поддршка на мечот против ПСЖ.

Натпреварите во осминафиналето од Лигата на шампиони се најважни за тимот оваа сезона, откако Реал ги загуби шансите за титулите во Примера и Купот.

„Во среда имаме многу важен меч против одличен тим. Тоа за што јас и моите соиграчи ве молиме, е да ни дадете безусловна поддршка како секогаш. Заедно ќе бидеме многу посилни. Хала Мадрид“, порача Роналдо.

Герет Бејл исто така се придружи кон повикот: „Ве очекуваме во среда и се надеваме повторно да ја пишуваме историјата заедно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без бод пред последниот меч: Седлоски бара напад и реакција против Словенија

Македонија утре ја затвора дебитантската кампања во Б-дивизијата, а Седлоски бара поголема…