Дома Фудбал Роналдо уште еднаш го покажа големото срце: Оствари сон на 10 годишно болно дете (ФОТО)

Роналдо уште еднаш го покажа големото срце: Оствари сон на 10 годишно болно дете (ФОТО)

Кристиано Роналдо многу пати досега покажа дека е човек со големо срце.

Играчот на Јувентус тоа го потврди и овој пат откако организираше доаѓање на тешко болно 10 годишно дете и неговото семејство во Торино за детето да го запознае својот идол и да ги оствари своите соништа.

На Јозеф од Бристол му бил дијагностициран тумор на мозокот кога имал само четири години и од тогаш морал редовно да оди на лекување.

Со помош на „Pitch Internacional“ и самиот Роналдо договорено било патување на животот за ова момче и неговото семејство.

Португалецот го дочекал момчето на теренот на тренинг центарот на Јувентус и со него направил една обиколка на објектот.

Роналдо се сликаше со момчето и неговата помлада сестра и се потпиша на нивните предмети со тоа уште еднаш ја воодушеви јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл го скрши Палас по паузата, Саж под уште поголем притисок

Осулa и Барнс ја донесоа победата од 2-0 на „Селхарст парк“, со која Њукасл се искачи на с…