Дома Фудбал Роналдо со еден гол ќе испише историја на Европското првенство

Роналдо со еден гол ќе испише историја на Европското првенство

Кристиано Роналдо во својата богата кариера сруши многу рекорди, претежно на клупски план, а сега пред почетокот на Европското првенство има шанса да испише нова историја, овој пат во дресот на португалската репрезентација.

На Роналдо му е потребен еден гол за да се одлепи на првото место на вечната листа на стрелци на Европското првенство. Роналдо заедно со легендарниот Мишел Платини имаат по девет гола, што значи дека со еден гол Роналдо ќе избие на врвот.

Сепак, сериозна закана за Португалецот е Антоан Гризман. Напаѓачот на Барселона е на само четири гола на четвртата позиција со шест постигнати гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два удари со глава, три бода за Бетис: Кучо го реши Слован во Братислава

Кучо Ернандез ги постигна двата гола во победата на Реал Бетис од 2-0 кај Слован Братислав…