Дома Фудбал Роналдо со двата гола за четири минути ја расплака неговата мајка 🎥

Роналдо со двата гола за четири минути ја расплака неговата мајка 🎥

Португалија вчера во рамките од второто коло во Лигата на Нации ја совлада Швајцарија со 4:0.

Прво име на натпреварот беше Кристијано Роналдо кој во првото полувреме постигна два гола во период од четири минути, од 35. до 39. минута. Уште еден гол му беше поништен на отварањето на второто полувреме.

На стадионот Хозе Алваладе беше присутна и неговата мајка Долорес дос Сантос Авеиро (67) која е позната по нејзините емотивни реакции кога нејзиниот син е доминантен на теренот.

Така беше и овој пат кога после вториот гол неконтролирано плачеше и се обидуваше да се смири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола од клупата: Сила го скрши Башкими и стигна до „десетка“

Н’фанли Сила со два погодока и асистенција ја предводеше победата на Тиквеш од 3-1 над Баш…