Дома Фудбал Роналдо се огласи на Инстаграм откако го постигна 700. погодок во кариерата

Роналдо се огласи на Инстаграм откако го постигна 700. погодок во кариерата

Фудбалерите на Португалија синоќа беа поразени во гости против Украина со 2:1, а натпреварот беше во центарот на вниманието поради Роналдо.

Роналдо во финишот на натпреварот успеа да го ублажи поразот на својата репрезентација кога постигна гол од пенал. За него ова беше голем јубилеј бидејќи тоа беше негов 700. погодок во кариерата.

Португалецот се огласи на социјалните мрежи со интересно видео во чест на големото достигнување.

„Горд сум што го постигнав 700. погодок во кариерата и сакам тоа да го споделам со сите што ми помогнаа да дојдам до тоа. Денеска не го добивме резултатот кој го посакувавме, но заедно ќе се избориме за пласман на ЕП.“ – порача Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…