Ралф Рагник се уште е тренер на Манчестер Јунајтед и така ќе биде до крајот на сезоната. За натпреварот против Арсенал утре во тимот се враќа Кристијано Роналдо.
Португалецот имаше семејна трагедија, му почина новороденото дете и поради тоа не беше во комбинација за натпреварот против Ливерпул во кој Јунајтед беше декласиран со 4:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Роналдо повторно е со тимот. Се вратија Скот Мектоминеј и Рафаел Варан. И сите останатите со исклучок на Пол Погба се спремни за натпреварот“, изјави Рагник.
Германскиот стратег најави дека сезоната за Погба веројатно е завршена. Французинот поради повреда порано го заврши натпреварот против Ливерпул.
„Докторот ми кажа дека ќе паузира најмалку четири недели. Крајот на сезоната е 22. мај, веројатно нема да се враќа на терен“, истакна германскиот стратег.
Натпреварот помеѓу Арсенал и Јунајтед на програмата е во сабота од 13:30 часот.