Се навикнавме да го гледаме на теренот, а за неколку недели Роналдо Назарио да Лима ќе има нова улога и тоа – претседател!
Познатиот Бразилец кој два пати беше светски шампион (1994 и 2002) ќе ја превземе функцијата прв човек на Ваљадолид и на тој начин ќе се врати во шпанскиот фудбал каде што некогаш го носеше дресот на Барселона и Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според информациите од Шпанија за сума од 30 милиони евра Роналдо ќе ја превземе функцијата од сегашниот претседател Карлос Суарез Суарде и на тој начин ќе ги исплати долговите на повратникот во Примера кои во овој момент се проценуваат на 25 милиони евра.
И претходно Роналдо беше заинтересиран за вложување се споменуваа Тенерифе и Гетафе, а се очекува целата зделка да биде официјализирана во текот на претстојната репрезентативна пауза.
Ваљадолид имаше понуди од Кина и Јужна Америка, меѓутоа понудата на Роналдо била најдобра, а и јасно што Бразилецот значи кога е маркетингот во прашање.