Дома Фудбал Роналдо само на еден играч му кажа дека е подобар: „Тој ги тера луѓето да се заљубат во фудбалот“

Роналдо само на еден играч му кажа дека е подобар: „Тој ги тера луѓето да се заљубат во фудбалот“

Кога Роналдо Назарио ќе каже некому дека е подобар од него, тогаш јасно е дека се работи за вонсериски фудбал. Точно е и дека поради него многу луѓе го засакаа фудбалот, како што кажа и самиот Бразилец.

Роналдо некогаш беше најдобриот фудбалер на светот и којзнае каде ќе завршеше доколку немаше бројни повреди на коленото. Својот врв го достигна во 2002 година, по што започна неговиот пад.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Кога Роналдо почна да опаѓа, уште еден негов сонародник се искачи на врвот на светот и го освои во следните години. Станува збор за Роналдињо.

Поради постојаната насмевка на лицето, неверојатната техника и уникатниот талент, Роналдињо стана пример за многу деца и човек кој дефинитивно одбележа една ера.

Своевремено еден новинар ги праша Роналдо и Роналдињо кој е подобар од нив двајца.

„Роналдињо беше подобар од мене. Ги излудуваше противниците и ги натера луѓето да се заљубат во фудбалот поради него“, изјави Роналдо.

На ова следеше одговорот на Роналдињо:

„Не, Роналдо беше подобар од мене. Играше со едно колено и никој не можеше да го спречи“, беше одговорот на легендарната „десетка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…