Jувентус денес ќе игра против Аталанта во рамките од Серија А, а тренерот Маурицио Сари изненади со тоа што Кристиано Роналдо не доби повик за овој натпревар.
Роналдо одигра одлично за репрезентацијата и во натпреварот против Литванија постигна и хет-трик.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Изоставувањето на Роналдо веднаш се поврза со незадоволството на Португалецот кога Сари во минатото коло кога го замени во 55-тата минута во средбата против Милан. Тогаш Роналдо место на клупата се упати право соблекувалната, па се сметаше дека ова е еден вид казна за првата ѕвезда.
Сепак, Роналдо се огласи на Инстаграм и стави крај на шпекулациите.
„Фокусиран сум на рехабилитацијата за да се вратам побрзо“, напиша Роналдо.
Од оваа објава може да се заклучи дека Португалецот не е повикан поради повреда, а не поради некаков проблем со Сари.