Дома Трансфер зона Роналдо: Реал треба да го доведе Нејмар!

Роналдо: Реал треба да го доведе Нејмар!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Роналдо изјави за „Марка“ дека Реал Мадрид треба да се обиде да го донесе неговиот сонародник, Нејмар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нејмар минатото лето за рекордни 222 милиони евра се пресели од Барселона во ПСЖ, но се почето се шпекулира дека не е среќен во Париз.

Како следна дестинација медиумите најчесто го споменуваат Реал Мадрид, а Роналдо е сигурен дека „кралевите“ мора да се обидат да го донесат Бразилецот.

„Нејмар е фантастичен фудбалер, за неколку години може да биде најдобар во светот. На Реал му се потребни најдобрите. Сепак, Реал во моментов треба да размислува за фудбалерите кои ги има бидејќи оваа година беше многу тешка. Треба да одиграат добро во ЛШ и да видиме како ќе заврши сезоната. Во секој случај Нејмар е фудбалер кој Реал мора да се обиде да го донесе во Мадрид“, истакна Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…