Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед ја раскинаа соработката, Португалецот во наредниот период ќе биде слободен да го избере новиот клуб.
Но, по веста за заминувањето од Манчестер Јунајтед пристигнува и вест за казна од страна на Фудбалската асоцијација на Англија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ФА го казни Роналдо со 50.000 фунти и го суспендираше на два натпревари поради инцидентот во натпреварот против Евертон минатата сезона Роналдо во тој натпревар на аутсично момче му го скрши телефонот туркајќи му го од раце.
По тој инцидент Роналдо јавно се извини и го повика момчето и семејството да бидат негови гости на натпревар на Јунајтед, меѓутоа мајката на детето го одби предлогот.