Дома Фудбал Роналдо повеќе не го сака Бејл во првиот состав на „Кралевите“

Роналдо повеќе не го сака Бејл во првиот состав на „Кралевите“

Герет Бејл и ова лето се одлучи да остане во Реал Мадрид, иако имаше многу заинтересирани клубови, но и некои интересни понуди.

Во англиските медиуми со месеци се шпекулираше дека Бејл по четири години ќе се врати во Премиер лигата, но овој пат во Манчестер Јунајтед кој покажа најголем интерес за неговите услуги. Сепак, Бејл ги одби сите понуди, бидејќи се одлучи да остане во Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бејл минатата сезона не играше многу во „кралскиот“ клуб поради големи проблеми со повредите, но оваа сезона се надева на поголема среќа. Сепак, Бејл по прв пат ќе има многу голема конкуренција на својата позиција во вид на Марко Асенсио, кој игра одлично на почетокот на оваа сезона.

Наводно, Бејл ќе се пресели на клупата, бидејќи Зидан сака да му даде шанса на Асенсио во првиот состав. Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, на тоа инсистира и Роналдо кој верува дека Реал би бил доста поуспешен со Асенсио во првиот состав, отколку со Бејл.

Исто така, би можело да се случи и Бензема да добие помала минутажа. Главната причина е во тоа што Роналдо сака Зидан да се обиде со друг напад кој би го составувале тој, Асенсио и Иско кој игра во животна форма

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефинитивно има проблем: Погледнете како Салах се однесуваше кон Клоп 🎥

Eдна од главните теми во фудбалскиот свет е караницата помеѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах …