Кристиано Роналдо ќе биде во составот и целосно подготвен за првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс, пренесуваат италијанските медиуми.
Португалецот им се врати на тренинзите и утре ќе патува за Амстердам, па најверојатно ќе биде во стартниот тим на мечот против Ајакс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ајакс се игра во среда во Амстердам.
Роналдо беше дел од денешниот тренинг на Јувентус заедно со остатокот на тимот и импресиите на италијанските медиуми се дека тој е подготвен за игра, но се уште не се знае дали ќе игра од првата минута.
Од тој момент беше неизвесно дали Роналдо ќе се опорави за натпреварот против Ајакс во Лигата на шампионите. За натпреварите во Серија А, Роналдо на Јувентус не му беше премногу потребен затоа што и онака „старата дама“ и недостасува само еден бод за официјално да го освои Скудетото.
Добра вест за Јуве е што и Даглас Коста исто така е подготвен за камбек и ќе биде дел од тимот против Ајакс, но Алегри на располагање ќе го нема Емре Џан, кој заработи повреда на дербито со Милан
Првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ајакс се игра во среда во Амстердам.