Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието од моментот кога го даде контроверзното интервју кај Пирс Морган, па продолжи со одличниот настап за Португалија на Мундијалот.
Роналдо постигна гол во победата од 3:2 со што стана првиот играч на кого му успеало да постигне гол на пет Мундијали во низа. По тој натпревар Роналдо одлучил да ги почести соиграчите со вечера во луксузен ресторан, а на таа вечера не се појавиле само тројца фудбалери.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според информациите на британските медиуми на вечерата не се појавиле Хозе Са, Бернардо Силва и Жоао Кансело. Не станува збор за никаков бојкот кон Португалецот, туку тие во Катар се со своите семејства, па сакале со нив да го поминат времето.
Роналдо зад себе има бурен период, а од пред една недела е слободен играч бидејќи Манчестер Јунајтед го раскина договорот со него.