Дома Топ вести Роналдо одлучи – Следната недела соопштение, еве ја и одлуката !

Роналдо одлучи – Следната недела соопштение, еве ја и одлуката !

Кристиано Роналдо ќе го прекине повеќенеделниот молк, има шпекулации, но Португалецот ќе се огласи за неколку дена. Еве ја и неговата одлука!

По враќаето од Купот на конфедерациите, каде што нема да игра на натпреварот за третото место, Роналдо си замина дома за да биде со своите близнаци. Тој ги нарече „богатства“, девојче и момче од сурогат мајка ќе бидат одраснати како и Роналдо Јуниор, под контрола на бабата и семејството на најдобриот играч во светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал чека, но изгледа дека официјалното соопштение ќе биде во текот на неделата. Имено, Роналдо го блокира трансфер периодот на Мадриѓаните, бидејќи сакаше да си замине поради затворот и обвинението за даночно затајување. Роналдо беше лут, но работите се променија.

Некои велат дека нема вистинска понуда, тој сака во Јунајтед, но наводно Жозе Мурињо не го сака, во ПСЖ не сака да си замине, додека потполно е исклучено заминување во Кина.

Постои верзија во која не сака ништо да ризикува, и дека токму поради стабилната семејна атмосфера, близнаците остануваат во Мадрид.

Лошите гласови говорат и дека Реал ќе го плати данокот, но Роналдо ќе се појави на крајот на месецот на првото рочиште. Доколку ја признае вината, ќе може да смета на парична и условна казна, како што се случи со Меси, од другата страна ризикува со заминување во затвор.

Во секој случај, доколку остане во Реал, првиот следен потег ќе биде продавањето на Мората на Манчестер Јунајтед и веројатно купување на Килијан Мбапе, иако е неизвесно дека младиот фудбалер уште ова лето ќе пристигне во Мадрид.

Трансфер приказна на летото, како што и претпоставуваме нема да биде реализирана, Роналдо останува во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нов испад на Роналдо во Саудиска Арабија 🎥

Кристијано Роналдо имаше нов испад во првенството на Саудиска Арабија и ако се погледне не…