Дома Фудбал Роналдо одвај извлече бод за Реал на „Бернабеу“

Роналдо одвај извлече бод за Реал на „Бернабеу“

Реал Мадрид на својот „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар од 33. коло во Ла Лига го пречека Атлетик Билбао и на крајот ремизираше со 1:1.

Се закани Реал на отворањето на мечот, па така Роналдо во 10. минута ја погоди рамката од голот на Атлетик, па Асенсио две минути подоцна одлично шутираше, но голманот на гостите беше на висина на задачата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имаше Роналдо добра шанса и во 13. минута, но промена на резултатот тогаш немаше. Сепак, само минута подоцна Кордоба упати одличен пас кон Вилиамс кој не пропушти шанса да донесе водство за Атлетик од 0:1.

Израмнување за Реал можеше да донесе Марсело во 19. минута, но Аризаблаг одлично интервенираше. Следеше период на мирна игра, а потоа во финишот на првиот дел се обиде повторно Асенсио. Сепак, погодок повторно немаше, па на полувреме гостите заминаа со предност.

Во вториот дел Реал создаваше шанси, но Билбао се закани во 64. минута кога Гарсија ја погоди пречката.

Продолжи притисокот на Реал до самиот крај на средбата, но Кралевите не успеваа да го најдат патот до мрежата на Атлетик, се до 87. минута кога Лука Модриќ упати удар од далечина, а Роналдо ја смести топката во мрежата на гостите за конечни 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…