Дома Топ вести Роналдо одби да се врати на „Сантиаго Бернабеу“: Раните се уште не биле заздравени!

Роналдо одби да се врати на „Сантиаго Бернабеу“: Раните се уште не биле заздравени!

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо ја одби поканата од Федерацијата да го гледа во живо мечот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, кој ќе се игра во недела на „Сантиаго Бернабеу“, пренесува „АС“.

Блиски извори до фудбалерот ја потврдија веста дека Роналдо добил покана, но нема да оди во Мадрид: „Уште е рано за Бернабеу“ им рекол Португалецот на своите пријатели потенцирајќи дека, раните после заминувањето од Реал се уште не биле зараснати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кристано со задоволство би присуствувал на мечот и би го гледал заедно со Меси, но за жал, тоа нема да се случи овој пат“, изјавија извори блиски до Португалецот.

Лионел Меси пак ќе ја уважи поканата и ќе седне во ВИП ложата на „Сантиаго Бернабеу“ за да го гледа финалниот меч помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата.

Ден претходно неговата Барселона ќе го игра градското дерби против Еспањол, па во неделата Аргентинецот ќе биде слободен да отпатува за Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…