Утрово португалскиот „Рекорд“ објави дека Кристијано Роналдо се заканил со заминување од репрезентација кога селекторот Фернандо Сантош му соопштил дека нема да биде стартер.
Подоцна Фудбалската федерација на Португалија се огласи со демант на таквите информација, а се јави и самиот Роналдо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Група е премногу блиска за да биде срушена од надворешни сили. Нација премногу храбра за да биде исплашена од било кој противник. Тим во вистинска смисла на зборот, кој до крај ќе се бори за сонот! Верувајте во нас! Силна, Португалија!“, гласи пораката на Роналдо.
Четвртфиналето против Мароко, Португалија ја очекува во сабота.
Португалците се фаворити, но после се што направија во групата и победата против Шпанија, Мароканците никако не смеат да се отпишат.