Дома Трансфер зона Роналдо не завршил во ПСЖ само поради еден услов кој го поставил францускиот клуб?

Роналдо не завршил во ПСЖ само поради еден услов кој го поставил францускиот клуб?

ronaldo

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо во летото кое е зад нас ја изненади спортската јавност со одлуката да го напушти Реал Мадрид и кариерата ја да продолжи во дресот на Јувентус.

Роналдо она што го најави во минатото финале од Лигата на шампионите го реализираше во текот на летото, а изборот кариерата да ја продолжи во Јувентус беше вистинско изненадување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На почетокот за доведување на Роналдо најголеми шанси му се даваше на Пари Сен Жермен бидејќи е познато дека овој клуб не штеди кога се таквите работи во прашање.

Меѓутоа шпанските медиуми, пренесуваат дека трансферот на Португалецот во редовите на клубот од „Паркот на принцовите“ пропаднал бидејќи тој не сакал да почитува еден услов кој го поставил францускиот клуб.

Имео, од ПСЖ порачале дека сакаат да го доведат Роналдо, но во последниот ден од преодниот рок. Наводно, на тој начин сакале да се обезбедат дека не би следел евентуален одговор од Реал, односно обид на „кралевите“ да доведат еден од Нејмар или Мбапе.

Меѓутоа, оваа одлука не му се допаднала на Роналдо кој на крајот заврши во Торино за сума од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…