Дома Фудбал Роналдо не ги сака: Бејл и Бензема исфрлени од првиот тим!?

Роналдо не ги сака: Бејл и Бензема исфрлени од првиот тим!?

Шпанските медиуми откриваат дека Кристиано Роналдо јасно му ставил до знаење на тренерот Зидан дека во стартиот тим ги сака Иско и Асенсио, а не Бејл и Бензема.

Роналдо смета дека Герет Бејл и Карим Бензема не заслужуваат место во првиот тим. Двајцата се надвор од најдобрата форма, имаа проблем со повреди, па поради тоа Португалецот инсистира поголема минутажа да добиваат Иско и Асенсио.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иско феноменално го замени Бејл на крајот на минатата сезона кога Велшанецот беше повреден, а Асенсио брилјира во последно време.

Вистина е дека Бејл и Бензема не се во добра форма, но маркетиншки се многу посилни од младите „кралеви“. Сепак, се создава впечаток дека Иско и Асенсио набрзо ќе станат дел од „неропирливите“.

Шпанските медиуми тврат дека голема улога во тоа ќе има Ронадо, кој веќе почнал да лобира кај тренерот Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…