Дома Фудбал Англија „Роналдо нема повеќе да заигра за Манчестер Јунајтед“

„Роналдо нема повеќе да заигра за Манчестер Јунајтед“

Еден од најпознатите спортски новинари во Велика Британија, Пирс Морган верува дека Кристиано Роналдо сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот не отиде со тимот на подготовки во Азија и Австралија поради, лични причини, но побара трансфер од раководството.

Роналдо сака да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во тим кој настапува во Лигата на шампиони.

„Имав многу контакти во претходната недела. Мислам дека е малку веројатно дека Кристиано Роналдо повторно ќе одигра натпревар за Манчестер Јунајтед. Мислам дека во главата веќе е подготвен за нов предизвик”, изјави Морган.

„Мислам дека тој чувствува дека структурата на клубот не е во ред. Роналдо има почит кон новиот тренер Тен Хаг, но не е јасно во која насока сега оди Јунајтед“, додаде новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го враќа Тиаго Силва како тренер

Челзи е заинтересиран да го врати поранешниот дефанзивец Тијаго Силва како тренер, според …