Кристиано Роналдо во опширно интевју за „GQ“ зборуваше за својот приватен живот, амбициите и моменталната форма.
Португалецот кој пред неколку дена наполни 33 години истакна дека за него најважен е балансот и дека многу внимава на својата физичка спремност.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Животот е предизвик. Јас се обидувам да продолжам на највисоко физичко ниво поради мојата професија. Потребно е секогаш да бидам 100% спремен, а за тоа се потребни многу жртви. Јас на 20 години правев работи кои сега не можам да ги правам. Потребно е да имаш баланс. Малите детали ја прават разликата“, изјави Кристиано Роналдо.
„На личен план се е фантастично. Семејството ми стана поголемо и многу сум среќен. На професионален план имав две одлични години во кои освоив многу важни трофеи со клубот и репрезентацијата“, заклучи Португалецот.
Me and my boy ? Rocking our @cr7limitless & @cr7junior gear | https://t.co/rIL6OxcBQk #CR7Denim #CR7Jeans #CR7Squad pic.twitter.com/wGuGCAP2mg
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) February 7, 2018