Дома Фудбал Роналдо наброја пет играчи кои не, а заслужиле да ја освојат Златната топка

Роналдо наброја пет играчи кои не, а заслужиле да ја освојат Златната топка

Две легенди од италијанската Серија А, Роналдо и Дел Пиеро, разговараа во живо преку Инстаграм.

Во опуштен разговор сепак преовладуваше фудбалот, а една од темите беше Златната топка. Бразилскиот ас, легендарната деветка на Интер, смета дека пет играчи неоправдано останале без Златната топка во текот на кариерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Алесандро, заслужи да ја освоиш Златната топка, исто како што тоа го заслужија Тоти, Малдини, Раул и Роберто Карлос. Карлос два пати беше зад мене, но никогаш не ја доби наградата. Секогаш ве почитувале, но имам чувство дека и тоа признание требаше да го добиете.“ – изјави легендарниот Бразилец.

Роналдо два пати ја освои Златната топка, во 1997. и 2002. година, а во кариерата во Европа играше за ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …