Дома Топ вести Роналдо му нареди на агентот да го убеди Перез за летен трансфер, дали ќе го видиме најубиствениот напад во историјата?

Роналдо му нареди на агентот да го убеди Перез за летен трансфер, дали ќе го видиме најубиствениот напад во историјата?

Се повеќе се пишува за незадоволството на Кристиано Роналдо во Реал Мадрид, а тоа го потврдија и последните гласини за неговата иднина кои пристигнуваат од Шпанија.

Имено, Роналдо му рекол на својот агент Хорхе Мендеш да отвори преговори со ПСЖ, пишува „Diario Gol“. Португалецот наводно пред Реал Мадрид ставил две опции – или зголемување на платата или опција да си замине на крајот на сезоната од клубот, без никакви инциденти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, Флорентино Перез не е расположен да му ги исполни барањата, па Ронадло одлучи сам да се грижи за својата иднина. За него две опции се отворени, но и сам е свесен дека ПСЖ е најверојатно единствениот клуб кој може да си дозволи да го доведе.

Ќе видиме дали од сето ова ќе излезе нешто или ова е само уште една неоснована гласина на шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …