Најдобар фудбалер на светот за 2020. година според ФИФА е Роберт Левандовски.
Левандовски убедливо славеше пред Роналдо и Меси во борбата за престижната награда. Со оглед на тоа каква година имаше, дефинитивно наградата е заслужено доделена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роналдо и Меси беа во сенка на ѕвездата на Баерн, а интересно е дека сите тројца како капитени на своите национални тимови имаа право на глас.
Меси како капитен на Аргентина пет бода му даде на Нејмар, три на Мбапе и само еден на Левандовски.
И додека Меси целосно го игнорирал Роналдо, Португалецот барем малце помислил на свокот долгогодишен ривал.
Тој пет бода даде на Левандовски, три на Меси и еден на Мбапе.