Дома Фудбал Роналдо: Како дете мислев дека на 35 години ќе ловам риба во Мадеира

Роналдо: Како дете мислев дека на 35 години ќе ловам риба во Мадеира

Кристиано Роналдо вчера го прослави својот 35. роденден.

Фантастичниот Португалец без дилеми е еден од најдобрите фудбалери кои некогаш се појавиле на зелениот терен, тој и на 35 години и понатаму игра на највисоко ниво.

Во интервју за португалската „А’Бола“ призна дека како дете не можел ниту да замисли дека ќе биде онаму каде што е денес.

„Како дете мислев дека на 35 години ќе ловам риби во Мадеира. Не можев ниту да замислам дека ќе бидам ова што сум денес“, изјави Роналдо.

Низ кариерата Роналдо освои се, со исклучок на Светското првенство. Негова главна цел во овој момент е трофеј во Лигата на шампионите со Јувентус.

„Шесто финале во Лигата на шампионите? Можно е. Тоа што играм за Јувентус ми дава шанса уште да освојувам трофеј. Сепак, тоа е тешко натпреварување и мора да се поклопат многу работи. Ние имаме силен тим и одиме чекор по чекор“, порача Португалецот.

И оваа сезона Роналдо игра одлично, за Јувентус настапи на вкупно 29 натпревари и постигна 22 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…