Дома Топ вести Роналдо и стави крај на сагата: Ова е неговиот одговор за опстанокот во Реал…

Роналдо и стави крај на сагата: Ова е неговиот одговор за опстанокот во Реал…

Португалскиот репрезентативец, Кристијано Роналдо се наоѓа со недели во центарот на вниманието бидејќи се повеќе е мета на шпекулации кои говорат дека ова лето ќе го напушти Реал Мадрид.
Роналдо изминатата сезона беше најважен играч за Реал Мадрид со кој успеа да ја одбрани титулата во ЛШ, и да ја задржи титулата во шпанското првенство. Но, откако беше објавено дека Роналдо е обвинет за затајување на данок вреден околу 15 милиони евра, почна да се шпекулира дека Португалецот ова лето ќе го напушти кралскиот клуб.
Меѓутоа, по неколку недели Португалецот,одлучи да се огласи и да и стави крај на сагата. Роналдо имено, порача дека никогаш не изјавил дека ќе го напушти Реал, бидејќи нема намера тоа да го стори.
„Никогаш не сум рекол дека ќе го напуштам Реал Мадрид. Коментирав на вечерата со моите соиграчи дека сум повреден затоа што сум обвинет за затајување на данок, бидејќи знам дека ги исполнувам своите обврски кон оваа држава. Но, никогаш не сум кажал дека го напуштам клубот“, истакна Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…