Дома Фудбал Роналдо и Бензема меѓу најслабите во цела Европа

Роналдо и Бензема меѓу најслабите во цела Европа

Ѕвездените напаѓачи на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо и Карим Бензема се на дното по бројот на постигнати голови во Топ 5 европските првенство, пренесува „Марка“.

Португалецот и Французинот имаат постигнато само два гола во Примера од почетокот на сезоната. Полоша статистика имаат само напаѓачите на италијанскиот Беневенто, кои имаат постигнато само еден гол.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездите на „кралскиот“ клуб се рамо до рамо со напаѓачите на Келн, Хамбургер, Бурнмаут и Хадерсфилд. Интересно е дека Роналдо и Бензема ги постигнаа двата гола на еден натпревар – при победата над Гетафе од 2:1.

Двајцата напаѓачи кои го напуштија „Сантиаго Бернабеу“ ова лето, Алваро Мората и Мариано Диаз имаат постигнато вкупно 17 гола во Англија и Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…