Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Роналдо испиша историја, Португалија во финишот ги „скрши“ храбрите Унгарци 🎥

Роналдо испиша историја, Португалија во финишот ги „скрши“ храбрите Унгарци 🎥

Блиску бевме да видиме денес големо изненадување на Европското првенство и тоа во групата на смртаа, но Унгарците попуштија во финишот против Португалија.

Будимпешта е единствениот град на Европсктотп првенство каде што е дозволено 100% присуство на публика, а тоа очигледно даде голем мотив на Унгарците во дуелот со европскиот шампион. По првите 45 минути не видовме погодоци.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роналдо можеше да го отвори резултатот, но имаше едно огромно промашување кога од пет метри го префрли голот. Унгарците успеаа и први да ја погодат мрежата на Португалија меѓутоа голот беше оправдано поништен поради офсајд.

Отпорот на домаќинот беше скршен во 84. Минута кога Гуреиро погоди за 0:1, а тој гол изгледа ттално ги демотивира храбрите Унгарци. Три минути подоцна Роналдо од пенал зголеми на 0:2, за во судиското продолжување да ги постави конечните 0:3.

Tреба да се напомене дека Роналдо со овие два гола стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Шпанската Примера се пофали со голем раст на приходите

Шпанската Ла Лига се пофали со рекорден вкупен приход од 5.69 милијарди евра за сезоната 2…