Дома Фудбал Останато Роналдо за 11 години постигнал повеќе голови од тимовите на еден од најпознатите тренери на Островот

Роналдо за 11 години постигнал повеќе голови од тимовите на еден од најпознатите тренери на Островот

Никој претходно во иста реченица веројатно не ги спомнал Кристиано Роналдо и Тони Пјулис, но овој пат дојде ред и на такво нешто.

Имено, англиските медиуми направија интересна статистика и ги споредија токму Роналдо и Пјулис. Португалецот игра на високо ниво повеќе од десет години, додека Пјулис за тоа време водеше тимови во Премиер лигата и Чемпионшип.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пјулис во Англија важи за тренерк ој сака да игра напаѓачки фудбал. Меѓутоа кога ќе ги споредите статистичките податоци на Роналдо и тимовите кои ги водел овој тренер ќе останате без коментар.

Имено, Роналдо во претходните 11 години постигнал повеќе голови, отколку сите тимови кои ги водел Пјулис заедно. Роналдо постигна 542 голови, а екипите на Пјулис 521.

Роналдо во тој период играше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус каде што настапува во овој момент, додека Пјулис ги тренираше Стоук, Кристал Палас, ВБА и Миделсброу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …