Кристиано Роналдо ја доби првата конкретна понуда по разделбата со Манчестер јунајтед, Ал Наср од Саудиска Арабија му нуди 216 милиони евра за тригодишна соработка.
Роналдо го прекина договорот со Манчестер јунајтед по контроверзното интервју кое го имаше со Пирс Морган, па сега е во потрага по нов клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првата понуда за Роналдо пристигна од Саудиска Арабија и таа е вредна неверојатни 216 милиони евра за тригодишна соработка.
„Си-Би-Си“ објави дека Роналдо ја добил првата понуда од 216 милиони евра, но засега не е сигурен дека сака да се пресели во С. Арабија и ќе почека уште некое време за да пристигнат понуди од европските клубови.
„Разговорите започнати во текот на летото напредуваа, но се чека одлуката на Роналдо. Доколку тој ја прифати понудата, договорот експресно ќе биде склучен“, објави Си-би-ес.