Кристијано Роналдо во четвртата деценија од животот игра во Саудиска Арабија каде што му оди одлично и постигнува голови. Претходно неколку пати Португалецот потенцираше дека нема намера да се врати во Европа, но тоа би можело да се промени.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но, според информациите од Саудиска Арабија, Роналдо бил незадоволен што и покрај инвестициите не успева да освои трофеј. Наводно, сега пред португалскиот ас е понуда од Спортинг, клубот каде што ја започна професионалната кариера.
Спортинг сезонава е пред титула во португалското првенство и има седум бода предност во однос на Бенфика, па така скоро сигурно е дека наредната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите.
За Роналдо тоа би бил нов предизвик бидејќи е познато дека Лигата на шампионите е неговото омилено натпреварување. Сепак, останува да се види како ќе се одвиваат работите.