Дома Трансфер зона Роналдо го носи Хамес во Јувентус

Роналдо го носи Хамес во Јувентус

Кристиано Роналдо ова лето пристигна во Јувентус и веднаш стана главна алка во тимот на „старата дама“.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид порачал до управата на Јувентус дека сака во клубот да го донесат Хамес Родригез, пренесува „Марка“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбиецот на лето ќе се врати во Мадрид откако ќе му заврши позајмицата во Баерн Минхен, но јасно е дека за нема нема место во Реал, па сигурно ќе замине од „Сантиаго Бернабеу“.

За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, но „Марка“ открива дека Роналдо лично му се јавил и го убедувал да го избере Јувентус.

Двајцата одлично соработуваа во дресот на Реал Мадрид, па Португалецот повторно сака да го има во ист тим Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…