Кристиано Роналдо е најголема ѕвезда во Реал Мадрид и со текот на годините се стекна со легендарен статус во „кралскиот“ клуб.
Португалецот има големо влијание во несењето на одлуките во клубот, особено кога станува збор за трансфер политиката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако има 33 години Роналдо се уште сака да биде прва ѕвезда на „Сантиаго Бернабеу“ и се плаши да не биде засенет од новите фудбалери кои ќе пристигнат во Реал ова лето.
Прв меѓу нив е Хари Кејн. Шпанските медиуми пренесуваат дека Роналдо е категорично против доаѓањето на Англичанецот, а дава „зелено светло“ за Роберт Левандовски.
„Диарио Гол“ пренесува дека Португалецот повеќе се плаши од Кејн дека може да стане број 1 во Реал, отколку од Левандовски кој е 5 години постар од Англичанецот.
Дали претседателот Перез ќе го послуша Роналдо или ќе донесе поинаква одлука, останува да видиме.