Дома Фудбал Роналдо брутален: Изненаден сум што мислат за мене, бројките зборуваат многу повеќе

Роналдо брутален: Изненаден сум што мислат за мене, бројките зборуваат многу повеќе

Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на светот и ѕвездата на Реал Мадрид, порача дека е уморен од постојаните критики и дека е изненаден бидејќи во текот на кариерата покажал колку што можел.

Роналдо со два погодоци во Дортмунд против Борусија во ЛШ на најдобар начин им одговори на критиките на некои од медиумите бидејќи на изминатите два меча во Примера не беше стрелец по суспензијата која ја заработи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Изгледа дека на секој меч морам да покажам кој сум. Изненаден сум што луѓето мислат за мене, бројките зборуваат многу повеќе. Професионалец сум и секогаш со чист ум, а критиките се посилни“, истакна Роналдо откако го запиша 400. меч за Кралевите.

Мадриѓаните од седмиот обид славеа на Вестфален, прват во историјата на мадридрскиот клуб, што Португалецот особено го радува.

„Пред натпреварот зборувавме колку сакаме да победиме во Дортмунд. Направивме се што тренерот Зидан бараше од нас, овој тим е феноменален, направивме многу шанси, не е лесно да се постигнат три погодоци во Дортмунд. Игравме одлично“, истакна Роналдо, потенцирајќи дека е среќен во Реал, но дека не сака да зборува за продолжување на договорот кој трае до 2021. година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…